ЗАБРЗАЈТЕ ГО МЕТАБОЛИЗМОТ НА ЗДРАВ НАЧИН! Пролетна диета – ротквиците ги топат МАСТИТЕ

popara25 април, 20241min00
408750_rotkvice_f

Доколку сакате до лето да изгледате фит и да го доведете телото во ред, не гладувајте

Нутриционистите велат дека ова е вистинско време кога на располагање имате голем избор на намирници, па затоа треба паметно да ги користите. Пробајте ротквици. Лесни се за варење, нискокалорични, богати со влакна и идеални за луѓе кои сакаат да ослабат бидејќи го забрзуваат метаболизмот.

Ротквиците содржат само 16 калории на 100 грама, па затоа се препорачуваат за оние кои сакаат да ослабат. Освен што го стимулираат варењето и согорувањето на масните наслаги, како природен диуретик, тие го отстрануваат и вишокот течности од телото, а со тоа го намалуваат отокот на лицето и телото. Имаат и антибактериски својства, помагаат при респираторни заболувања, особено кашлица и астма, додека сокот од ротквица, пред јадење, помага против запек.

Диетата трае четири дена и ќе ви помогне да ги исфрлите сите штетни материи од телото, а доколку се придржувате до ова мени (кое се повторува по четири дена), брзо ќе забележите како се топи вишокот околу колковите и стомакот. Можете да изгубите дури четири килограми за десет дена.

ПРВ ДЕН

Појадок: 150 гр нискомасно сирење, парче интегрален леб, јаболко

Ручек: четири поголеми ротквици, 100 грама пилешко филе и една келераба

Вечера: салата од пет ротквици и млада зелка прелиена со чаша немастен јогурт

ВТОР ДЕН

Појадок: две лажици овесна каша прелиена со чаша нискомастен јогурт

Ручек: салата од 100 гр ротквица и малку марула, супа од зеленчук, 150 гр риба на скара или варена

Вечера: 100 гр салата од ротквица и рукола, порција (150 гр) варен спанаќ и чаша лимонада

ТРЕТ ДЕН

Појадок: грејпфрут, 150 гр нискомасно сирење посипано со лажичка семки од сончоглед

Ручек: 150 гр телешко месо, 150 гр ротквица, банана

Вечера: 100 гр салата од краставици прелиена со лажица маслиново масло и 100 гр нискомасно сирење

ЧЕТВРТИ ДЕН

Појадок: парче интегрален леб, 50 гр безмасно сирење, јаболко

Ручек: 200 гр мисирка на скара и 150 гр ротквици

Вечера: 200 гр салата од краставици и четири ротквици прелиени со лажица ленено масло

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag