3 тајни на врвниот изглед на Сандра Булок: Вака ја одржува витката линија и младоликоста

popara30 април, 20221min00
profimedia-0513629180-830x0

И покрај тоа што одамна зачекори во шестата деценија од животот, актерката Сандра Булок изгледа беспрекорно. Една од најплатените холивудски ѕвезди на сите времиња е позната како голем поборник за органска храна, но и одвреме-навреме знае да отстапи од вообичаеното мени и да „згреши“ на трпезата.

Сандра ги откри тајните на убавиот изглед до кои редовно се придржува, а кои изгледаат толку едноставни што секој од нас би можел да ги примени.

Color blocking, Sandra Bulok, Bullock

1. Паметна диета и „ден на гревот“

Оброците ги подготвуваат нутриционисти, шест дена во неделата. Сандра не јаде шеќер или нешто што содржи глутен. Во исто време, ја зема предвид големината на порциите.

Но, има ден кога си дозволува да јаде што сака. Тој ден започнува во петок навечер и трае следните 24 часа.

Sandra Bulok

2. Редовно пие зелен чај

Холивудската ѕвезда сака да го заврши денот со шолја топол зелен чај. Освен што се смета за еликсир на здравјето, овој напиток може да биде и добар сојузник во одржувањето на витката линија, но и во губењето на вишокот килограми.

Sandra Bulok

3. Вежба секојдневно

Иако фитнес експертите советуваат дека треба да направите барем еден ден пауза помеѓу тренинзите во теретана, Сандра Булок најде начин да останете активни и во тие денови. Вежба пилатес, вози велосипед, тренира кикбокс и оди на часови по кардио танц.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma