СПИЈТЕ ГОЛИ, ЗАМИСЛУВАЈТЕ: Еве како можете да ја зголемите сексуалната енергија и либидо

popara30 април, 20221min00
shutterstock_1710309940

Промени кои сериозно ја менуваат не само интимноста, туку и целиот живот …

 

Сексуалната енергија е движечка енергија и многумина ја мешаат со либидото или желбата за секс. Таа е всушност многу повеќе од тоа, секаков облик на креативност, желба за живот, љубов, добри односи…

 

Ако сакате вашиот живот да се промени и да биде подобар, ако се чувствувате уморни и безволни, работете на вашата сексуална енергија. Постојат неколку практични совети како да го постигнете тоа, но најдобро е кога сте сами да правите работи во кои навистина уживате, да танцувате, да сликате, да работите во градината, да фантазирате, да читате или по малку од сѐ…

 

Бидете голи

 

Одвојте време секој ден да го поминете целосно голи. Можете, на пример, да спиете без облека. Придобивките се повеќекратни – вашето тело ќе почнете да го доживувате поинаку, добро е за циркулација, а гинеколозите го препорачуваат за поздрава вагинална флора.

 

Масажа на гради

 

Во таоистичката традиција, масажата на градите и масажата „јони“ се сметаат за неопходни за добро здравје на целото тело. За повеќето жени, овие масажи се неверојатно пријатни. Освен што ја подобрува циркулацијата и енергизира, тоа е можност да откриете каков допир ви одговара.

 

Дневник на задоволства

 

„Практикувањето задоволства“ треба да биде дел од женската духовна пракса. Водете дневник на работи што ви даваат задоволство – тоа може да биде танцување, шолја кафе, неколку капки од вашето омилено есенцијално масло, допир на свилена ткаенина на вашата кожа… Со текот на времето, вашиот капацитет за задоволство ќе се зголеми и ќе ве освести на ефектот врз вашата севкупна состојба.

 

Допир

 

Обидете се да го допрете секој дел од вашето тело – од скалпот до стапалата. Обидете се да откриете каков допир сака секој дел – нежен, силен, скокотлив, долг, краток, кружен, штипкање, гребење… Запознајте го секое испакнување на телото, текстурата на кожата. Кога се туширате или ачкате крема, правете го тоа како што сакате вашиот партнер да го прави.

 

Огледало

 

Секој пат кога ќе го видите вашиот одраз во огледалото, насмејте се и кажете си „Еј, убава“. Испробајте ја претходната вежба пред огледало. Можеби ќе ви биде чудно или смешно, но продолжете да го вежбате додека не можете да го кажете со уверување и самодоверба.

 

Анатомија на телото

 

Проучете ја анатомијата на вагината. Научете ги имињата на поединечните делови и изберете го оној што најмногу ви се допаѓа. И внимавајте на големината на клиторисот – делот што е видлив всушност е само третина од тој орган, но и делот што не е видлив реагира на стимулација. Само жените имаат орган чија единствена цел е задоволство – користете го.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma