Тревис, поради Кортни, отиде и на гробишта! А еве што точно ѝ кажал пред да ја вери

popara30 април, 20221min00
Screenshot_15

Кога Крис Џенер дознала, веднаш заплакала

 

 

Откако открија дека се во врска, долгогодишните пријатели и соседи Кортни Кардашијан и Тревис Баркер станаа еден од паровите за кои непрекинато се зборува. Секој детал од нивната љубовна приказна кој би завршил во јавноста би станал – една од главните теми на разговор. Сепак, сѐ е „подигнато на повисоко ниво“ со почетокот на новата серија на познатото семејство, каде често се појавуваат, а се однесуваат како да ги нема камерите.

 

Во најновата епизода јавноста дозна како се планирала веридбата. Во тој период „Кравис“, како што често ги нарекуваат сега, отишол кај докторот на Кардашијан со надеж дека ќе зачне семејство пред брак.

 

Ким Кардашијан тогаш требаше да го „води“ познатиот „Saturday night live“, во октомври 2021 година. Свршувачка беше планирана и за недела, на 17-ти – на годишнината од врската. Откако дознале дека гинеколошкиот преглед и процедура ќе бидат направени дури следниот вторник, на членовите на семејството, а пред се на Тревис, секако им олеснало.

 

– … Навистина сè ќе се случи на нашата годишнина и тоа многу ме радува – признал Баркер во телефонскиот разговор со Крис Џенер, инаку загрижен за целата процедура за да добие дете со Кортни.

 

– Не сум нервозен, знам што ќе ѝ кажам. Тоа ѝ го кажав сто пати, но да го повторам токму тој ден… Мислам дека веќе тогаш ќе ме „изедат“ нервите – додаде тој, а во пораката ѝ го испрати својот говор на мајката која почнала да плаче.

 

– Пред точно една година се заљубив во тебе. Една ноќ со тебе беше доволна… Ти си еден од моите најдобри пријатели. И беше, со години. Ти се восхитував и те обожавав толку долго. И сега ти си љубовта на мојот живот. Кортни, сакам да бидам со тебе до крајот на мојот живот. Сакаш да се омажиш за мене? – пишувало во пораката која Крис ја нарекла „нешто најнежно што некогаш го прочитала“.

 

Во текот на епизодата беше откриено и како Тревис, освен што ја побарал раката на Кортни од Крис, отишол на гробишта, па дури и побарал благослов од покојниот Кардашијан.

 

– Е, тогаш се распаднав. Жал ми е што не е тука да го види сето ова – признала, повторно низ солзи, „мамаџерката“ на нејзината ќерка Ким, која потоа малку ја развеселила ситуацијата со тоа што почнала да се смее гласно бидејќи, за разлика од Клои, таа самата, Кортни никогаш претходно не била во брак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma