Една германска погребална компанија одлучила во својата понуда да вклучи и организација на погреби за хомосексуалците, каде има специјални ковчези, украси и наоѓање на специјален верски лидер кој ќе ја води погребната церемонија.
Погребалната куќа од Келн дизајнирала ковчези за хомосексуалци. За овие специјализирани ковчези заслужно е претпријатието Königsfeld & Brandl, кои го водат Thomas Brandl (32) и Michael Königsfeld (34), кои и самите се хомосексуалци.
“На хомосексуалците не им е лесно да кажат дека сакаат да си го погребаат својот животен партнер. Во овие тешки ситуации полесно им е кога тие се во контакт со некој што ги разбира“, изјавиле Brandl и Königsfeld.
Овој претприемнички хомоселсуален пар, своите муштерии ги спојува со професионални лица кои држат говори или религиски лидери, организира погреби на места каде се закопуваат и други геј лица и обезбедува шампањ, разни шарени цветни украси.
Исто така, се изработуваат ковчези во бои на виножито или пак со еротски слики. Најголем нивни хит е ковчегот со гол маж на слика, па дури и за постарите жени кои сакаат на тој начин да заминат во другиот свет.