ХИПЕРВИТАМИНОЗА: Зошто не е добро да внесувате премногу витамини и кој е најчестиот симптом на ова нарушување?

popara1 мај, 20221min00
vitamini

Внесувањето на витамини е многу важно за здравјето на луѓето, како преку исхрана, така и преку суплементи со совет на лекар.

Сепак, не треба да претерувате со витамините, бидејќи може да имате спротивен ефект и да се доведете до состојба во организмот наречена хипервитаминоза.

Хипервитаминоза е професионално име за вишок на витамини во телото. Кога капацитетот на резервите е презаситен, витамините растворливи во вода се исфрлаат од организмот преку бубрезите и во тој случај не постои можност за хипервитаминоза. Од друга страна, ова не важи за липосолубилните витамини кои се раствораат во масти. Тие можат да се акумулираат и да предизвикаат сериозни нарушувања во телото.

Хипервитаминозата најчесто е предизвикана од таложење на витамините А и Д. Прекумерното акумулирање на витаминот А често се рефлектира кај хронични заболувања, како и болки во коските и зглобовите, а дланките и стапалата обично се жолти. Еден од првите симптоми што се јавува е дијареа. Други нуспојави најчесто се гадење, печење при мокрење и чувствителност на кожата на допир.Поради акумулација на витамин Д се јавуваат проблеми со бубрезите.

Кога станува збор за витаминот Б12, неговите покачени вредности се должат и на прекумерното внесување на овој витамин. Како резултат на зголемените концентрации, акните се развиваат или влошуваат веќе постоечки болести. Може да се развијат розацеа фулминанс, алергиски и анафилактички реакции.

Затоа е важно да се грижите за внесот на витамини, но и да се консултирате со лекар. Дури и кога се во прашање додатоците во исхраната, не треба да ги земате сами, туку најдобро е да се консултирате со стручно лице кое ќе ви ја одреди точната доза.

Најважно е да внимавате на исхраната и да јадете најмалку две ужинки дневно кои ќе бидат во вид на овошје наместо само апчиња со витамини, преку кои ќе внесете доволно витамини и минерали неопходни за развој на организмот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma