Сем Ашгари, вереникот на пејачката Бритни Спирс, откри дека двајцата не сакаат да го знаат полот на детето што го чекаат додека не се роди бебето.
– Одлуката за тоа е на Бритни, но и јас не го сакам тоа. Сакам да чекам, изјави Сем за Access Hollywood.
Тој се осврна и на воспитувањето на детето и рече дека ќе биде строг татко.
– Ако е ќерка, ќе биде најразгалената принцеза досега. Ако е син, ќе биде силен. Ќе бидам строг со детето, но апсолутно сакам да бидам што е можно попрактичен. Тоа ќе биде моето прво дете – додаде тој.
Инаку, Бритни и Сем се запознаа на снимањето на спотот за нејзината песна „Slumber Party“, во 2016 година, а ова ќе биде нивното прво заедничко дете.
Да потсетиме, пејачката забележала дека се здебелила, па решила да провери дали е бремена, купила тест кој се покажал позитивен, а радосната вест ја сподели со фановите на социјалната мрежа Инстаграм преку објава во која напиша:
– Изгубив толку килограми што ќе отидам на патување во Мауи само за да ги вратам… Си помислив „Боже… што се случи со мојот стомак ???“ Мојот сопруг рече: „Не биди глупава, бремена си со храна !!! Па така направив тест за бременост… и ќе имаме бебе! Четири дена подоцна стана поголем стомакот од храна … Расте !!! Овој пат ќе правам јога секој ден !!! Ви шириме многу радост и љубов – напиша таа неодамна во својата објава.