Познатите личности го обожаваат „пижами“ стилот: Еве како се носи најхрабриот тренд оваа година

popara2 мај, 20221min00
diptih-830x0

Оваа сезона девојките и жените ширум светот се маѓепсани со удобни, но и елегантни костуми со широк крој, кои дури во дизајнот наликуваат на пижами.

Од некогашните едноставни парчиња наменети за спиење, пижамите за мажи, жени и деца, еволуираа во вистински модни парчиња од интересни дизајни и материјали, погодни за носење надвор од домот.

Овие „пижами“ можете да ги носите во неколку комбинации. Првата е да бидете од глава до пети во пижами. Друг начин е да искомбинирате свилена ноќница со сако кое е за еден број поголемо и да излезете со високи потпетици. И третото е да го носите само горниот или само долниот дел, кои се комбинираат со други парчиња облека.

Она што е интересно е фактот дека светските ѕвезди носат пижами во јавност, а меѓу нив се Алесандра Амброзио, Џастин Бибер, Лили Ален …

Лили решила да се прошета низ градот во црвено-сини пижами со точки, додека Ел Фанинг го однела бебето во розови пижами на аеродром, а она што сите го забележале се босите стапала на актерката.

Во галеријата подолу можете да видите кои познати личности обожаваат да носат пижами во јавност:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma