Бил Мари се огласи по сериозните обвинувања: „Мислев дека е смешно. Светот веќе не е ист како кога бев дете“

popara3 мај, 20221min00
bill-murray-bil-mari-marej03-830x0

Откако против него беше поднесена пријава за недолично однесување на сетот на неговиот претстоен филм „Being Mortal“, 71-годишниот актер Бил Мари проговори за сè, приложувајќи ја својата страна од приказната.

Потсетуваме, Мари, според извори на странските медиуми, допирал жени, но не на „несоодветни места“. Нив сепак им било неудобно, па поради тоа имал караници со режисерот кој не сакал вакво однесување на снимањето на неговиот филм.

„Направив нешто што мислев дека е смешно, но тоа не беше сфатено на тој начин“, рече Мари откако Searchlight Pictures го прекина производството на филмот минатата недела под раководство на Азиз Ансари.

– Засега разговараме и се обидуваме да се смириме меѓу себе. Мислам дека тоа е вистинскиот проблем, во мирот меѓу нас – објасни Мари.

– Јас сум оптимист за тоа. И двајцата сме професионалци и мислам дека си се допаѓаме. Ако навистина не можеме да се договориме и да си веруваме еден на друг, нема смисла да продолжиме да работиме заедно, рече тој.

Актерот истакна дека целото искуство му било „поучно“.

– Се чувствувам како да не сум видел дека светот е поинакво место од кога бев дете. Она што беше смешно кога бев дете веќе не е баш смешно денес. Времињата се менуваат и морам да го разберам тоа.

Мари призна дека би бил најсреќен доколку тој и Ансари се вратат на работа.

– Она што најмногу би ме радувало би било и двајцата да се вратиме на работа. Да можеме да си веруваме еден на друг и да работиме на проект на кој двајцата потрошивме многу време на развивање на нашите вештини – рече тој.

Студиото наводно го прекинало производството два дена порано пред целосно да ја прекине работата на филмот, наведувајќи ги деталите во мејл испратена до актерите и екипата, пишува Variety.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma