„РЕЦИКЛИРАЊЕ“ НА НАЈВАЖНОТО МОДНО СЛУЧУВАЊЕ НА 2022: Ема Стоун на Мет Галата дојде во една од своите венчаници

popara3 мај, 20221min00
Emma-Stone-na-Met-Gali-2022

Ема Стоун одлучи повторно да облече една од нејзините венчаници на овогодинешната Мет Гала. Темата на црвениот тепих беше „gilded glamour“, мода инспирирана од Златното доба. Во морето на екстравагантни изгледи, актерката се истакна со својата елеганција и пристојност.

Иако модните познавачи мислеа дека Стоун со својот стајлинг им оддаде почит на флaпер девојките од 1920-тите, американските медиуми пишуваат дека актерката го носела истиот фустан на свадбена прослава откако се омажила за Дејв МекКари во септември 2020 година.

Сатенскиот фустан на Луј Витон досега не е виден во јавноста, а има проѕирни ракави, здолниште со пердуви и длабоко деколте. Стоун ја собра косата во пунџа и го комплетираше изгледот со бели потпетици.

Ѕвездата на филмот „Cruella“ е позната по тоа што го крие приватниот живот од јавноста, па тајно се омажи за комичарот и режисер. Двојката ја потврди венчавката дури откако обожавателите забележаа дека носат идентични венчални прстени во септември 2020 година, девет месеци откако МекКари ја сподели веста за свршувачката на социјалните мрежи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma