Сите во плакарот имаме пар фармерки кои сме ги купиле кога сме тежеле неколку килограми помалку, а сега не можеме да ги закопчаме, но ги чуваме со надеж дека тоа ќе се промени. Ситуацијата е уште полоша ако се работи за фармерки кои навистина ви се допаѓаат и не можете да најдете таков добар модел во продавница.
Ако му се верува на TikTok, овој проблем има многу едноставно решение, благодарение на кое не мора да слабеете или да талкате низ трговскиот центар во потрага по барем сличен пар фармерки.
Имено, тиктокерката Лили Шонет (Bug318_) сподели трик со корисниците на оваа социјална мрежа како да ги проширите фармерките, кој го открила нејзината баба.
Постапката е многу едноставна. Првиот чекор е да се истуширате во фармерки кои не можете да ги закопчате.
После тоа, носете ги низ куќата за дополнително да ги истегнете, а потоа оставете ги да се исушат на воздух. И тоа е тоа. После тоа, фармерките треба да ви стојат совршено.
@bug318_ GUYS THIS IS HUGE !!!! #sustainablefashion #sustainable #showerinyourjeans #trusttheprocess
Верувајте во процесот, Лили им порача на сите кои можеби се сомневаат во ваквиот начин на ширење фармерки, а покрај тоа што нејзиното видео во кое таа го споделува овој трик е прегледано повеќе од 4 милиони пати, други корисници на социјалната мрежа решија да го пробаат , по што тие ги споделија своите реакции со ентузијазам.
На многу дами им е жал што претходно не го откриле овој трик, но секој момент кога ќе се вратиме во омилените фармерки е добар момент.
Единственото нешто што многумина го истакнаа како одбивно е фактот дека треба да поминат извесно време во мокар тексас. Сепак, тие се согласија дека желбата да ги носат оние омилени фармерки ќе ги надминат потенцијалните проблеми со непријатно чувство на телото.