ШОК ОТКРИТИЕ – КОРОНАТА ГО НАМАЛУВА НИВОТО НА IQ, РЕЗУЛТАТИТЕ НА ТЕСТОВИТЕ СЕ ДОКАЗ: Лекарите открија на кого никогаш нема да му се врати паметот!

popara4 мај, 20221min00
Screenshot_13

Неодамнешните истражувања покажаа дека короната може да го намали коефициентот на интелигенција и да го остари мозокот за 20 години.

 

Пандемијата на Ковид и самиот вирус донесоа многу компликации, симптоми и последици на многу луѓе ширум светот. Ова е вирус кој научниците, лекарите и другите експерти сè уште го истражуваат, а најновата студија донесе изненадувачки резултати.

 

Имено, станува збор за студија која докажала дека короната може да го намали коефициентот на интелигенција и да го остари мозокот за дури 20 години. Луѓето кои биле примени во болница со вирусот можеле да претрпат оштетување на мозокот кое траело повеќе од шест месеци.

 

Според лекарите, тогаш имаат проблем да ги најдат вистинските зборови, им треба повеќе време за обработка на информациите или имаат пократок фокус на вниманието. Најлоши последици ги трпат пациентите со потешка клиничка слика, велат научниците од Универзитетот во Кембриџ.

 

Студијата на 46 Британци, кои биле хоспитализирани со корона во 2020 година, покажала дека тие имале полоши резултати од очекуваното на тестовите за интелигенција, во споредба со нивните просечни резултати.

 

„Следевме некои пациенти десет месеци по нивната акутна инфекција, така што можевме да видиме многу бавно подобрување. Многу е можно некои од овие лица никогаш целосно да не закрепнат“, рече анестезиологот и експерт за мозок, професор Дејвид Менон.

 

Покрај тоа, професорот забележува дека имунолошкиот одговор на телото на вирусот исто така може да предизвика „уништување“ на нервните клетки. Ефектите од штетата се приближно еднакви на губење на 10 поени на тестот за интелигенција.

 

Ова е слично на нормалниот пад на моќта на мозокот што го добиваат луѓето на возраст од 50 до 70 години, велат истражувачите во списанието eClinicalMedicine. Професорот Адам Хемпшир, еден од авторите на студијата од Империјалниот колеџ во Лондон, вели:

 

„Итно треба да размислиме што може да се направи за да им се помогне на овие луѓе. Видовме и претходно дека дури и благ случај на корона може да предизвика долгорочно оштетување на мозокот.

 

Истражувачите истражувале точно како вирусот влијае на централниот нервен систем. Тим од Универзитетот во Тулејн откри сериозен оток на мозокот и повреди поврзани со намален проток на крв или кислород во мозокот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma