Љубовни совети од парот во најдолгиот брак на светот: Сите треба да ги усвојат овие правила од вљубените кои биле во брак 79 години!

popara4 мај, 20221min00
h_56300636-750x500

Што кажува искуството на двојката која имала најдолг брак на светот?

Главната цел на многу луѓе е да имаат долг и здрав живот полн со уживање. Голем дел од тој сон е поврзан со гените што ги наследуваме, но добар дел е поврзан со нашиот начин на живот и изборите што ги правиме.

Хулио Цезар Мора Тапија и Валдрамина Макловиа Квинтерос Рејес влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најстар пар во светот, со вкупно 214 години и 79 години брачен живот.

Нивната приказна е една од оние што служи како инспирација за холивудските филмови.

Валдрамина и Хулио работеле како професори и така се запознале, се заљубиле и решиле остатокот од животот да го поминат заедно. За жал, нивните родители не го одобриле тој план, но сепак ја следеле својата интуиција и решиле да се венчаат во тајност, само во присуство на најдобрите пријатели и кумови.

„Не беше лесно, бидејќи нашите родители немаа добри односи, но со време и трпение успеавме да ги споиме и станавме пример за помладите генерации“, изјави парот во интервју за Гинисовата книга на рекорди.

„Љубовта и зрелоста што ги имавме како двојка од почетокот на нашиот брак ни овозможија да се запознаеме и емотивно да растеме со цел да ја дефинираме нашата иднина“, објасни парот, кој застана пред олтарот во 1941 година.

Во заедничкиот живот Валдрамина и Хулио верувале во убави состаноци и заеднички планови, уживале во градинарството, одење во кино и вечера со семејството. Тие испратија пет деца на факултет, а нивното големо семејство го сочинуваат 11 внуци, 21 правнук и 9 праправнуци.

„Семејното единство под правилата на љубовта, меѓусебното почитување, чесната работа и правилното образование засновано на семејните вредности се клучот за заедничкиот живот“, рече парот во една прилика.

За жал, на сите љубовни приказни им доаѓа крајот, но затоа спомените траат вечно. Хулио почина во 2020 година, а Валдрамина сè уште живее во Еквадор, пренесува Eatthis.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma