ШПАГЕТИ СО ДОМАТИ И СЛАНИНА! Фантастична вечера за целото семејство!

popara5 мај, 20221min00
Screenshot_3

Доколку не знаете што да подготвите за вечера, ви предлагаме шпагети со сланина и домат

 

Нема да ви одземе многу време, а вкусот ќе ве воодушеви.

 

СОСТОЈКИ:

  • 250 гр шпагети
  • маслиново масло
  • конзервирани домати
  • 100 мл бело вино
  • 100 гр чадена сланина
  • Главица кромид
  • пиперка во прав
  • босилек
  • сол, бибер

 

Подготовка:

 

Сварете ги шпагетите во посолена зовриена вода, според упатството на пакувањето. Во тава загрејте малку масло, па пропржете го ситно сечканиот лук и сланината исечкана на коцки. Додадете сечкан излупен домат, сол и бибер, па налејте го виното и динстајте на тивок оган 20 минути. Кон крајот на готвењето измешајте го сечканиот босилек, па додадете ги шпагетите, измешајте и послужете додека е топло.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma