ГО ШТИТИ СРЦЕТО И ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД СРЦЕВ УДАР! Оревите се вистинска ризница на здравје!

popara5 мај, 20221min00
484875_larisa-birta-nbnl9sxfft0-unsplash_f

Освен што имаат пријатен горко-сладок вкус, оревите ни даваат огромна количина на енергија и нудат многу здравствени придобивки. Грците ги нарекле „Јупитерово овошје“, сметајќи ги за јадење достојно за боговите, додека науката тврди дека само седум јаткасти плодови дневно можат значително да ги ублажат знаците на стареење и да заштитат од срцеви заболувања.

Го чува здравјето на срцето

Оревот е неверојатен извор на вредни хранливи материи. Содржи антиоксиданси, квалитетни масни киселини, железо, калциум, магнезиум, фосфор, цинк, манган, селен, витамини Б, Е и К.

Овие плодови содржат и голема количина на алфа-линоленска киселина, еден вид омега-3 масна киселина, која се наоѓа само во растенијата и игра важна улога во одржувањето на здравјето на срцето. Алфа-линоленската киселина штити од воспаление и калцификација на крвните садови, го намалува ризикот од срцев удар и го нормализира крвниот притисок.

Од друга страна, мононезаситените и полинезаситените масти кои се наоѓаат во оревите помагаат во одржување на оптимално ниво на инсулин во крвта, намалување на холестеролот и триглицеридите.

Го елиминира стресот

Високите количини на омега-3 масни киселини во оревите ги прават одлична храна за мозокот – овие киселини се познати по тоа што помагаат во намалување на симптомите на депресија, хиперактивност и Алцхајмерова болест. Оревите и неговото масло помагаат и во намалување на нивото на стрес и намалување на високиот крвен притисок предизвикан од стресот, тврдат научниците.

Проблеми со несоница? Наместо апчиња за спиење, по вечерата изедете пет јаткасти плодови, бидејќи ви овозможуваат мирен сон.

Ја негува кожата

Маслото од орев, освен што се користи во исхраната и како зачин, хидрира, ја подмладува кожата и брчките, помага при првут, опаѓање на косата и вишок маснотии. Го има во многу производи за нега, а одлично е и како масло за масажа. Витаминот Е во самите ореви е многу добар за кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma