3 трикови за забрзување на метаболизмот и за полесно слабеење: Малите промени прават голема разлика

popara6 мај, 20221min00
Screenshot_1

Навиките кои лесно се воведуваат во секојдневниот живот можат да бидат корисни и за здравјето и за виткоста

 

Кога ќе го слушнете зборот „метаболизам“, првото нешто на што повеќето ќе помислат е губење на тежината. Се верува дека оние кои се слаби имаат брз метаболизам, додека за оние кои страдаат од вишок килограми се вели дека имаат бавен, „поспан“ метаболизам.

 

 

Што треба да направиме за да го забрзаме метаболизмот?

 

  1. Јадете доволно калории

 

Доколку не внесувате доволно калории секој ден, постои ризик телото да складира калории наместо да ги согорува. Кога не јадете доволно, вашето тело е лишено од витамините и минералите што му се потребни.

 

Жените треба да внесуваат помеѓу 1.600 и 2.400 калории дневно, а мажите од 2.200 до 3.200 калории.

 

Но, не се сите калории исти. Оние од брзата храна немаат ист ефект како оние од овошјето, зеленчукот, млечните производи, месото и јајцата.

 

  1. Збогатете го вашиот оброк со протеини

Вклучувањето на храна со висока содржина на протеини може да резултира со побрз метаболизам, а со тоа и побрзо губење на тежината.

 

Препорачаната дневна доза на протеини за жени е 46 грама дневно, а за мажи 10 грама повеќе.

 

  1. Заменете го солот со други зачини

Јадењето без сол може да биде невкусно, но и прекумерното внесување сол може да иницира висок крвен притисок, срцеви заболувања и мозочен удар. Ако ги збогатите оброците со вкусни зачини наместо сол, тоа ќе го поттикне вашиот метаболизам и воедно ќе биде празник за непцето.

 

Нутриционистите препорачуваат кајен пипер, како и куркума. Кајенската пиперка ја забрзува циркулацијата, а куркумата ги ублажува воспалителните процеси во организмот. Кога ќе измешате куркума со мелен црн пипер, организмот подобро ќе ги искористи благотворните ефекти на двете билки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma