АУ, КАКОВ ШОК! ПОЗНАТИОТ АКТЕР ЈА ОСТАВИЛ БРЕМЕНАТА СОПРУГА ПО 23 ГОДИНИ БРАК: Причината ќе ве остави без зборови, невидена драма!

popara6 мај, 20221min00
Screenshot_5

Американскиот актер Стив Бартон, најпознат по улогата во сапуницата „Општа болница“, откри дека ја остава бремената сопруга зашто очекувала дете со друг маж.

 

 

Освен како избор за кариера, сапунската опера стана дел и од приватниот живот на Стив откако дозна за измамата на неговата сопруга Шери Гастин со која е во брак 23 години. Детали за нивното раскинување ги сподели 51-годишниот актер во приказна на својот Инстаграм профил.

 

“Сакам да разјаснам нешто. Шери и јас раскинавме. Таа е бремена со четврто дете, кое не е мое. Ќе продолжиме да ги одгледуваме нашите три прекрасни деца”, напишал Стив во својата објава, барајќи приватност. Парот, кој е во брак од 1999 година, има две ќерки Макена и Бруклин и син Џек.

 

Инаку, Стив е дел од сапунската опера „Општа болница“ од 1991 година, во која го играше ликот на Џејсон Морган, кога на крајот на 2021 година беше отпуштен бидејќи одбил да се вакцинира против коронавирус.

 

“За жал, добив отказ поради мојот однос кон вакцинацијата. Знаете, боли. Ова за мене е лична слобода и мислам дека никој не треба да ги загуби основните средства за егзистенција поради ова”, изјавил актерот во тоа време, објави Page Six.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma