Време е за носталгија: Трендовите кои ги одбележија 90-тите

popara7 мај, 20221min00
61882614

Што прво ви паѓа на ум кога ќе помислите на 1990-тите?

Тоа е една деценија каде, меѓу другото, танцуваа на Макарена, Дејвид и Викторија Бекам станаа пар, Бред Пит и Гвинет Палтроу беа заедно, а Никол Кидман го надминуваше Том Круз на црвениот тепих.

Во оваа култна деценија која буди носталгија, имаше многу модни моменти за паметење, како оној во кој Елизабет Харли се појави на црвениот тепих во фустан од Версаче кој го дрежа заедно златни шпенадли.

Во 1990-тите носевме сини и сребрени сенки за очи и кафеави кармини, веѓите ни беа потенки од кога било, а прамените никогаш не беа подебели.

Тоа беше едната страна од приказната, а од друга ја обожававме принцезата Дијана која не научи дека убавата кожа, nude кармин и малку маскара се доволни за одличен изглед. Го сакавме нејзиниот стил и сакаме да го копираме и денес.

И додека некои од трендовите од 1990-тите не би сакале повторно да ги видиме на улиците, други се вратија во нашиот секојдневен живот на големо, како големите стегачи за коса.

Во галеријата се потсетивме на двете страни. Време е за доза носталгија и поглед на некои од дамите и трендовите кои ја одбележаа таа деценија. Се разбира, тоа е само мал дел од приказната, 1990-тите се многу повеќе од тоа.