
Новиот модел на патики, во кои се става вода, стана нов интернет тренд.
Свесни сме дека модата се менува и трендовите стануваат се поневообичаени, но секако сме изненадени кога нешто вакво ќе се појави на пазарот.
На интернет се појави видео во кое се наведува дека модниот бренд „Balenciaga“ неодамна лансирал патики во кои буквално се става вода.
„Сега можете да одите по вода, како Исус, во моите нови Баленсиводи“, наводно напишал Канје на Твитер.
Всушност, претпоставката е дека сето ова е само шега на еден дечко кој има речиси половина милион следбеници на својот Инстаграм и објавува секакви смешни видеа.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
Тој додаде дека овие „влажни“ патики можат да се купат за „банални“ 20.000 долари, а неговите следбеници истакнале дека нема да бидат изненадени доколку навистина се појави вакво нешто во продажба.
Дали би ги носеле?