
Студиите на стаорци покажаа дека шеќерот предизвикува поголема зависност од опиоидните дроги како што е кокаинот
Доколку забележите дека сте зависни од шеќер, време е да се справите со тој факт и да ја намалите количината.
Треба да знаете дека ако се обидете да го намалите внесот, може да се појават симптоми на повлекување како депресија и проблеми во однесувањето кога луѓето се обидуваат целосно да го елиминираат шеќерот.
Дали рафинираниот шеќер треба да се третира со уште поголема претпазливост?
Прегледот објавен во “British Journal of Sports Medicine” тврди дека рафинираниот шеќер има сличен ефект врз мозокот како илегалните дроги како што е кокаинот. Студиите на стаорци покажаа дека постојат значителни сличности помеѓу консумирањето шеќер и ефектите на дрога, како што се прејадување, желба, толеранција, повлекување, зависност и награда.
Истражувачите тврдат дека шеќерот го менува расположението и може да предизвика награда и задоволство, на ист начин како што дрогата како кокаинот влијае на мозокот. Тие велат дека студиите спроведени на стаорци покажале дека тие претпочитаат шеќер отколку кокаин.
Главниот автор на рецензијата, Џејмс Ди Николантонио од Институтот за срце Свети Лука во Централна Америка, рече дека, за разлика од солта, не постои „сигнал на аверзија“ кон шеќерот – вграден безбедносен механизам кој не штити од јадење премногу сол. Ова го нема кај шеќерот, така што луѓето можат да јадат многу, а сепак да сакаат уште. Додека луѓето штом ќе изедат доволно сол, веќе не сакаат.
Доколку забележите дека консумирате премногу индустриски шеќер, свртете се кон овошјето. Ако имате навика да додавате шеќер во лимонадата или кафето, пробајте природен засладувач или мед.