
Ниту една секунда не размислувал за поинаков потег!
Во декември 2016 година, легендарната американска пејачка и писателка Тина Тарнер умираше, бидејќи нејзините бубрези функционирале само со 20 проценти.
Некогаш големата музичка дива беше пред два избора: дијализа или трансплантација, а потоа на сцената „стапи“ нејзиниот сопруг, германскиот музички директор Ервин Бах.
Тој ѝ подари бубрег на сопругата и со тоа одигра голема улога во нејзиното нормално живеење денес.

Тарнер им го кажа овој детал на своите фанови во нејзината автобиографија „Мојата љубовна приказна“, која подоцна беше објавена како серија за Дејли Мејл.
– Во тој момент само трансплантацијата ми даде ветувачки можности за речиси нормален живот. Но, шансите да се добие донатор на бубрег беа мали. И еве ме, тука сум. И двајцата сме тука, поблиски отколку што може да се замисли – изјави Тарнер.
Откако тестовите потврдиле дека трансплантацијата е одржлива, парот беше опериран во април 2017 година и сè помина во најдобар можен ред.