Косата ви е валкана, а имате само три минути: 5 трикови како брзо да направите одлична фризура
Со минимум труд, можете да ја средите фризурата
Секако, би било идеално да имате чиста и совршено негувана коса во секоја прилика, но тоа едноставно не е можно.
Значи, вистинското прашање е што да правите кога вашата коса е валкана, вашата фризура е непостоечка, а имате три минути пред да излезете од дома…
Прво и основно, не очајувајте.
Второ, со помош на мали совети и некои лесни трикови, ситуацијата брзо ќе се промени:
- Натапирајте го коренот
Ако сакате да се спротивставите на валканата, мрсна коса, употребете шноли за да го повлечете горниот дел од косата назад, натапирајте го коренот на косата и потоа испрскајте лак. Оставете ја косата додека се подготвувате (најмалку 10 минути), потоа отстранете ја шнолата од косата и поминете со прстите низ прамените за да се разделат. Ова ќе ви помогне да добиете волумен и да го подигнете коренот на косата, давајќи ѝ изглед на свежина.
- Ниска пунџа
Оваа фризура е идеална за валкана коса. Повлечете ја косата наназад и завиткајте ја во мала пунџа до тилот. Закачете со едноставна шнола, клип и за кратко време ќе имате заводлив и поинаков изглед. Вашата коса нема да изгледа валкано, туку уредно и затегнато, исто како што сте сакале да биде.
- Префрлете ја косата на страна
Ова е дефинитивно најлесниот и најбрзиот начин за маскирање на валканата коса. Едноставно префрлете ја косата од едната на другата страна и испрскајте малку лак, за да не ви се врати. Ќе изгледате заводливо, диво и нималку неуредно. Секако, ќе добиете убава промена без трага на валкана коса.
- Користете ленти за коса
Бидејќи валканата и несредена коса најмногу се забележува на самиот корен, кој добива леплив изглед, едноставно покријте ја со лента или марама. Марамите во коса се одличен моден додаток, кој ви дава шик и модерен изглед. Изберете шал или панделка со интересен дезен и внесете нова димензија на вашата фризура. Резултатот е трендовски и свеж изглед кој заведува.
- Носете капа или шешир
Модерен шешир или капа не само што ќе биде оригинален печат на вашиот стил, туку и ќе ви помогне успешно да ја скриете валканата коса. Изберете шик модел кој ви одговара и одговара на вашиот стил и уживајте во новиот ден.