Кралицата на поп сцената Мадона преку социјалната мрежа Твитер, му испратила според многумина крајно бизарна порака на папата Франциско, во која изјавила дека сака да разговара со него за „некои важни работи“.
Имено, таа во својот твит побарала средба со Папата, иако нејзината последна исповед била пред многу време.
– Јас сум добар католик. Се колнам! Мислам, не се колнам! – напиша таа на Твитер.
Мадона, чија кариера е подеднакво позната по хитовите на топ листите и конфликтите со Католичката црква, призна дека „поминале неколку децении“ од нејзината последна исповед, но сепак би сакала да се обиде повторно.
– Дали би можеле да се сретнеме еден ден да разговараме за некои важни работи? – праша пејачката.
Hello @Pontifex Francis —I’m a good Catholic. I Swear! I mean I don’t Swear! Its been a few decades since my last confession. Would it be possible to meet up one day to discuss some important matters ?
I’ve been ex communicated 3 times. It doesn’t seem fair. Sincerely Madonna— Madonna (@Madonna) May 5, 2022
Иако Мадона не кажа јасно за што се работи, навести за што би можела да разговара со папата.
– Бев екскомуницирана три пати. Тоа не изгледа фер, додаде таа.
Пред неколку години, 63-годишната пејачка, која беше крстена и израсната како католик, му кажа на водителот на „The Late Late Show“ Џејмс Корден дека била „екскомуницирана приближно три пати“.