Иако кожата на лицето е поцврста и поотпорна од онаа на вратот и деколтето, често добива многу поголемо внимание, што не е чудно бидејќи е најекспонирана. Но, со овогодинешните модни трендови и зголемените температури, деколтето повторно е во фокусот и заслужува посебна грижа.
„Оваа област има помалку лојни жлезди и липидниот слој е 30-40 отсто помал во споредба со лицето, така што првите знаци на стареење на кожата ќе се забележат на деколтето, а не на лицето“, изјави славната козметичарка Џоана Чех за британски Вог.
Како да го забавите појавувањето на првите знаци на стареење на кожата и правилно да се грижите за деколтето и да му го дадете заслуженото внимание? Следете ги овие 5 чекори:
Skincare
Експертите секогаш истакнуваат дека негата на кожата на лицето не завршува со брадата, туку треба да се прошири и на деколтето. „Нахранете го вашето деколте исто толку колку што ги негувате лицето и телото – треба да го добиете тој двоен третман“, тврди Чех.
Затоа, користете го секој серум и крем, без разлика дали се работи за хијалуронска киселина, ретинол или витамин Ц и користете ги сите хидратантни креми редовно и во областа на деколтето. Исто така, за дополнителна хидратација и нега, повремено можете да користите маски дизајнирани специјално за областа.
SPF
Ова сигурно веќе ни е здодевно, но повторувањето е мајка на знаењето: ако излезете од дома во облека со отворено деколте, не заборавајте да нанесете крема со заштитен фактор на деколтето.
Третмани
„Изложеноста на сонце предизвикува брчки и опуштена кожа, како и хиперпигментација и нерамномерен тон на кожата“, предупредува д-р Мерјам Замани, која предлага експертски козметички третмани како што се дермални филери, микронидлинг во комбинација со радиофреквентни и ласерски третмани кои го подобруваат тонот и еластичноста на кожата, го стимулираат производството на колаген и изедначување на тенот.
Бронзер и хајлајтер
Во денешно време можно е да го избегнете сонцето и во исто време да имате прекрасен тен. Благодарение на производите за самопотемнување, бронзерите и хајлајтерите, кожата ќе изгледа исончана и сјајна, а нема да ризикувате оштетување од сонце.
Мирис
Последниот „допир“ кој нема визуелен ефект, но ја зголемува вашата самодоверба е нанесувањето на парфемот на деколтето, кој е наменет да ве воодушеви.