Неговиот МИРИС не враќа во детството: Ова е вистински традиционален рецепт за ДОМАШЕН СОК ОД БОЗЕЛ

popara8 мај, 20221min00
339039_shutterstock-654065875_ff

Бозелот е растение кое е познато по своите лековити својства, а долго време се користи за подготовка на сок кој го зајакнува и го подига нивото на енергија во организмот.

Цвета во текот на месец мај, а сега е вистинско време да отидете во шума или на некоја ливада која не е изложена на загадување и да наберете свежо цвеќе на бозел од кое ќе направите сируп во кој ќе уживаат сите членови на семејството.

Подгответе подлабоко тенџере, прво убаво измијте ги цветовите, а потоа почнете да го подготвувате овој чудесен сок.

Состојки:

40 цвеќиња на бозел
5л вода
4 кесички сок од лимон
3 кг шеќер
4 лимони

Sok od zove

Подготовка:

Свежо набраните цветови измијте ги под млаз вода, па ставете ги во тенџере и посипете ги со лимнунтус, па со рацете малку истријте ги цветовите. Потоа одозгора се прелива вода, се ставаат на кругови исечените лимони, се покрива и се остава да отстои 24 часа.

По 24 часа земете ја газата и процедете го сокот во друг сад. Додадете шеќер и промешајте, па оставете да отстои додека шеќерот не се растопи. Повремено промешајте го сокот за да се раствори шеќерот што е можно поскоро.

Подгответе шишиња кои претходно сте ги стерилизирале во рерната. Истурете го сокот во шише и ставете го во фрижидер или на некое друго ладно место.

Сирупот можете да го разредите со обична или кисела ладна вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag