Урамнотежената исхрана е најважната ставка во процесот на слабеење. Здравата исхрана е витален дел од одржувањето на доброто здравје, а повеќето од нас на патот до посакуваниот број килограми се потпираат само на внесување разновидна храна, како и на вежбање.
Сепак, има уште неколку важни работи на кои треба да обрнете внимание, бидејќи не е се во исхраната и вежбањето. Понекогаш прејадувањето или целосното исфрлање на важни хранливи материи може да има последици по вашето здравје.
1. Не го жртвувајте спиењето заради утринското вежбање
Утринската физичка активност секогаш се препорачува и ни помага да го олесниме секојдневното функционирање. Па каде може да биде проблемот?
Токму во жртвувањето на бројот на часови на спиење заради рано будење во корист на вежбањето. Не смеете да се лишите од квалитетен сон, бидејќи ограничувањето на сонот е директно поврзано со гладот и прекумерното внесување храна, како и со ризикот од дебелеење.
2. Премногу сон исто така не е здраво
Спомнавме како недостатокот на сон влијае на вас, но и претераното спиење може да има негативни ефекти. Во овој случај се зголемува ризикот од развој на разни хронични болести, дијабетес и анксиозност.
Тие осум часа сон се клучни и тоа е се што ви треба. Повремено може да си дозволите да спиете подолго, но кога тоа ќе стане хронично, треба да посетите лекар за да ја откриете причината за вашиот хроничен замор.
3. Размислете и за замена за шеќер
Првата работа од која многумина почнуваат кога ја менуваат исхраната е да се откажат од внесувањето шеќер. Има многу придобивки, но ретко кој може да поднесе да се откаже од него.
Потоа се користат вештачки засладувачи како замена за шеќерот, кој всушност може да биде лош исто како шеќерот. Внимавајте која од овие вештачки замени ги користите, како и количината на внесено овошје.
4. Погрешно е целосно да се исфрли жолчката
Јајцата се една од најхранливите намирници, богата со протеини и витамини – тие содржат се што му е потребно на нашето тело. Меѓутоа, кога следите одредена диета, јадете повеќе белки отколку жолчки, бидејќи се верува дека жолчките го зголемуваат холестеролот.
Проблемот настанува кога жолчките се целосно надвор од употреба. Жолчките од јајце содржат холин – хранлива материја која го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем. Содржи и лутеин и зеаксантин, хранлива материја која го подобрува здравјето на очите. Затоа, сфаќате дека ќе изгубите многу придобивки ако целосно ги исфрлите жолчките од вашата исхрана.
5. Преголем внес на течности
Водата го сочинува најголемиот дел од нашата телесна тежина, а веројатно веќе знаете дека хидратацијата е клучна точка за благосостојбата на телото. Недоволното внесување вода може да го загрози здравјето, но дури и кога пиете премногу течност, може да доведете до прекумерна хидратација и зголемување на телесната тежина. Што значи тоа?
Количината на сол и други електролити во телото станува премногу разредена, што ги загрозува редовните функции на телото. Нивото на натриум во крвта исто така се намалува, што доведува до хипонатремија.
Тоа се манифестира со симптоми како што се чувство на гадење и надуеност, но и замор, слабост, нестабилно одење и раздразливост.