Ако на овој начин нанесете молив за очи, тие ќе станат уште поизразени.
Многу девојки имаат спуштени очни капаци, па за нив шминкањето е малку понапорно од другите дами.
Сепак, тоа не значи дека вашите очи не можат да дојдат до израз со помош на ајлајнер.
Ако мислевте дека оваа „алатка за шминкање“ не е наменета за вас, многу сте се излажале. Со помош на ајлајнер ќе можете да ги истакнете, но и навидум да ги подигнете очните капаци.
За почеток, важно е да знаете дека кога се шминкате, гледате право напред. Потоа нацртајте коса линија, која продолжува до долниот дел од окото, но таму треба да биде „прекината“ (ќе и „пречи“ очниот капак). Друга важна работа е да не го кревате капакот кога се шминкате, туку да го држите опуштено, како и обично.
Следниот чекор е да повлечете уште една линија до неа, а потоа да ја поврзете со очниот капак, не дијагонално, туку со повлекување надолу.
Знаеме дека во овој случај слика е подобра од збор, затоа погледнете го видеото ОВДЕ.