Сакате да заштедите повеќе пари? Придржувајте се до овој метод кој се практикува во Јапонија
Некои чуваат пари во корпа за отпадоци, некои во банка, некои штедат со купување на распродажба, а некои успеваат да направат „штек“ позајмувајќи им пари на пријателите каде што се „безбедни“, а Јапонците имаат сосема поинаков систем.
Нивниот метод на штедење, кој во 1904 година го смислил новинарот Хани Мотоко, се нарекува „какеибо“, што значи „сметководство за домаќинството“. Еден век подоцна, овој начин на штедење сè уште е широко користен, а најдобро „функционира“ за оние кои сакаат да купуваат и да трошат пари на непотребни работи.
Првиот чекор е да ги запишете сите трошоци во тетратка. Вториот чекор е да креирате месечен календар за приходи. Нацртајте четири колони во тетратката четири недели во месецот. На почетокот на месецот внесете ја платата и означете ја со една боја, а под тоа секој друг дополнителен приход кој ќе го означите со други бои.
Потоа нацртајте табела во која ќе запишете колку пари би сакале да заштедите тој месец. Последниот чекор е табела во која ќе ги внесете сите задолжителни трошоци – кирија, сметки за струја, интернет, телефон, храна, хемикалии итн.
Исто така, многу е важно да запишете сè на што би потрошиле пари и што не ви треба. Поделете ја оваа листа во категории: трошоци за живот, забава, образование и култура итн. На крајот од секој месец анализирајте ги трошоците и погрижете се да се придржувате до нив.