Вчера беше голем ден за францускиот претседател и неговата поубава половина
Вчера во Париз се одржа инаугурацијата на францускиот претседател Емануел Макрон. Тој ќе биде шеф на државата во следните пет години.
Неговата сопруга Брижит се појави во придружба на нејзиниот сопруг и уште еднаш покажа дека ја сака модата и ги следи сите најнови модни трендови.
Овој пат таа се одлучи за бел комплет, фустан и сако со црни копчиња, кои на целата фигура и дадоа посебен изглед. Комбинацијата ја истакна нејзината витка линија и направи годините да исчезнат од нејзиното лице.
Целата комбинација ја заокружи со карирани дијамантски висечки обетки и ниска пунџа. Внимателно исечените шишки ги покриваа недостатоците, а Брижит не ја симнуваше насмевката од лицето.
Сепак, она што никој не можеше да го пропушти беа совршените салонки во бела и сребрена комбинација со високи потпетици.
Овој модел на салонки е многу популарен оваа сезона – класичен е, а сепак различен и шик токму поради металниот детал кој им дава посебен шмек.