Нутриционистите предупредуваат на штетните последици: Што ќе ви се случи ако јадете чипс СЕКОЈ ДЕН?

popara8 мај, 20221min00
cips-prejedanje

Ужинките може да бидат многу опасни по здравјето

Постојат многу намирници кои се сметаат за лоша храна, но веројатно највкусни се разните грицки, од чипс до смоки.

Тие се секогаш при рака, а често не ни забележуваме колку сме изеле.

Сепак, имајте на ум дека, на пример, 100 грама солени стапчиња имаат околу 500 калории, што е еквивалентно на една средна порција месо со зеленчук. Овие намирници освен што дебелеат, се многу опасни по здравјето и поради огромните количини на масти и шеќери.

Руската нутриционистка Екатерина Ганорскаја предупредува на сите опасности кои демнат ако јадете кесичка чипс секој ден.

Оваа закуска содржи транс масти кои се опасни за кардиоваскуларниот систем, бидејќи го зголемуваат нивото на „лошиот“ холестерол.

Нутриционистката додава и дека многу емулгатори во оваа храна секако имаат негативно влијание врз здравјето.

Ганорскаја истакнува дека чипсот и крекерите, пред сè, претставуваат закана поради нивната калорична содржина: просечно пакување чипс содржи една третина од дневниот внес на масти. Таа го демантираше и митот дека тортиљите, односно чипсот од пченка се поздрави од оние направени од компири. Тој е подеднакво калоричен и содржи неколку модифицирани транс масти.

Екатерина истакнува и дека со секојдневно јадење мрсна и рафинирана храна, како што се овие грицки, драстично го зголемувате ризикот од болести на гастроинтестиналниот тракт, а може да очекувате недостаток на витамини, метаболички нарушувања и опаѓање на косата.

Доколку ве чешаат прстите и имате потреба да грицкате нешто, таа ве советува да исечете јаболко на тенки прстени и да го исушите, всушност да направите чипс од јаболка, а можете да испечете и коцки леб во тава, но без масло!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag