Овен
Се преправате дека не ја забележувате незаинтересираноста на вашата сакана личност. Мислите дека со игнорирање ќе го избегнете проблемот, а вистината е дека со прикривањето ја влошувате и онака напнатата ситуација. Разговарајте со неа наскоро, работите не се толку црни колку што изгледаат.
Бик
Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Главна тема се лагите или тишините, без разлика дали се ваши или на вашите најблиски. Неизвесноста за исходот може да предизвика голема непријатност што ќе ве натера да се чувствувате дури и болни. Надминете ги вашите стравови бидејќи кризата е привремена.
Близнаци
Плашејќи се дека нема да ја разнишате привидната стабилност во врската, целата вина ја преземате на себе. Може да влезете во сериозен конфликт затоа што сте го прецениле вашето трпение. Промените во приватниот живот го нарушуваат и вашето секојдневие.
Рак
Имате многу планови и очекувате наскоро да лансирате некои од нив. За жал, денешните настани нема да ви донесат големи промени, освен што околностите ќе ве натераат да размислите дали патот кој сте го испланирале е најповолен за некој како вас.
Лав
Денот носи голема шанса да ги реализирате плановите од кои сте се откажале. Добивките се сигурни, а дел од вложените пари откако веќе сте се откажале може да ви бидат вратени. Пред да ги вложите тие пари во нешто, направете добра пресметка.
Девица
Ви претстојат многу обврски. Ќе ви се чини дека не кревате глава од работа, а всушност ништо посебно нема да се случи. Илузијата дека сте преоптоварени доаѓа од презаситеност, па затоа итно ви е потребна промена на работното место или кратка пауза.
Вага
Целото ваше внимание е насочено кон проблематичната ситуација која се случува во кругот на вашето семејство. Кулминацијата може да се случи денеска, бидејќи аспектите на небото најавуваат моментални и принудни промени. Не бегајте од проблемите, решително тргнете по промени.
Шкорпија
Сите очи се вперени во вас. Опкружени сте со луѓе чија судбина, на некој начин, зависи од потезите што треба да ги направите. Непријатно е да знаете дека не можете да поштедите некои луѓе иако не го заслужуваат тоа. Не мешајте ги емоциите и работата.
Стрелец
Иако чувствувате по кој пат треба да оди вашиот понатамошен професионален развој, сепак се двоумите. Ако прифатите каква било понуда во овој момент, дури и ако таа не е примамлива на прв поглед, на долг рок, ќе видите значителна промена, особено на финансиски план.
Јарец
Вашата преосетливост денес доаѓа до израз. Вие сте оптоварени со туѓи мислења додека, во исто време, работите по своја дискреција. Крајно време е да одлучите, или ќе играте онака како што играат другите, или ќе замижувате пред она што го зборуваат другите луѓе.
Водолија
Вашата самодоверба и арогантен однос полека почнуваат да ја иритираат околината која веќе некое време има значително трпение за сите. Доколку не го поправите своето однесување, може да доживеете многу непријатна ситуација која ќе ве натера да се засрамите.
Риба
Аспектите ви носат прилив на енергија што ви недостигаше во минатото. За жал, во исто време доаѓаат и нови обврски кои ќе ја засенат сета убавина од овој период. Ви претстои напорна работа за која нема да ја добиете очекуваната награда.