Коренот од рен, покрај тоа што е зачинет е и многу здрав бидејќи содржи синрин, феноли, есенцијално масло, аспарагус, смола, скроб, сахариди…
Поради сите овие состојки, тој е идеален за решавање на респираторни проблеми.
Состојки:
2 корени од рен
лажица сол
50 мл оцет
лажичка шеќер
50 ml вода
Подготовка:
Прво треба да го излупите ренот, а потоа ситно изрендајте го. Ако ви е тешко, тогаш можете да го сомелете во блендер.
Потоа додадете шеќер и сол во ренот, а потоа добро измешајте. Сето тоа ставете го во тегла. Во друг сад измешајте вода и оцет, па истурете врз целата оваа смеса. Во зависност од тоа колку сакате да ви биде кисел ренот, додавајте ја смесата (вода и оцет).