Модните трендови знаат да бидат прилично чудни, но тоа не значи дека нема да им се допаднат на жените ширум светот.
Стаклените чанти повторно се ин. Пејачката Доџа Кет неодамна на црвениот тепих на Греми наградите носеше сина стаклена верзија на познатиот моден бренд Коперна.
Подоцна славната Ким Кардашијан на фестивалот во Калифорнија однесе една на брендот Revolve, само во сребрена верзија.
На овој моден тренд не одолеа ниту нејзината сестра Кајли Џенер, која на премиерата на нивната нова семејна серија се одлучи за целосно проѕирна чанта.
Популарната чанта е резултат на соработката на модниот бренд Copernay и студиото за стакло Haven, кое го ангажираше стакларот од Бруклин, Џош Рајф.
За нивна изработка се користел подебел материјал отколку што обично прават за да ја направат торбата издржлива и цврста, што барало од нив да користат црево за воздух наместо уста за да го обликуваат стаклото.
Оваа чанта е функционална, како што велат креаторите, во неа можете да ставите телефон и паричник. Сепак, со оглед на материјалот од кој се направени, дали навистина можат да бидат практични?