Што кажува ЗА ВАС начинот на кој што СЕ БАКНУВАТЕ?

popara9 мај, 20221min00
119998974762790f9c8c5d2099493062_640

Бакнувањето во нашето тело ослободува хемикалии кои прават да се чувствуваме удобно и убаво, вели Такиша Роланд-Џенкинс, професионална консултантка во клиниката „Between Us“. Меѓутоа, во оние ситуации кога после долго време ќе сретнете некого на улица и таа личност веднаш ќе почне да ве бакнува во знак на поздрав, можеби нема да се чувствувате толку удобно и убаво. Но, дали некогаш сте се запрашале што кажува за вас начинот на кој се бакнувате?

Бакнеж на секој образ

Два бакнежи за време на поздравот откриваат дека сте традиционални. Уживате во симетрија и рамнотежа. Љубезноста и пристојноста се должности од кои не отстапувате, па веројатно го задржувате здивот за време на ваков поздрав, нели?

Еден бакнеж

Уживате да ги оставате луѓето околу вас да „висат“, да очекувате повеќе и да се прашувате што ќе се случи понатаму. Вие сте личност која сака контрола, па додека повеќето луѓе се бакнуваат двапати, вие ќе се бакнувате само еднаш, пренесува „vecernji.hr“.

Бакнеж во воздухот

Се наведнувате кон личноста со која се поздравувате, но останувате само блиску до нејзиниот образ и само звукот на бакнежот открива „бакнеж во образ“. Ова е социјално незгодно, покажува неподготвеност кон личноста што ја бакнувате, освен ако на усните немате светла боја на кармин што не сакате да ја оставите на туѓиот образ.

Прегратка наместо бакнеж

Сакате да дадете само малку љубов и внимание. Бакнежот е премногу интимен за да можете само да го споделите на патот. На прегратката и давате помалку значење, додека бакнувањето го чувате само за блиските луѓе. Во литературата, музиката, филмовите или секојдневието – бакнежите симболизираат љубов и страст, и ги исполнуваат нашите срца, а вие сте поддржувач на тоа мислење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag