Една од најубавите жени на светот откри зошто повеќе не консумира алкохол ниту во минимални количини
Меган Фокс без сомнение е една од најубавите и најзгодните жени. Но, таа е позната и по своите ригидни правила на исхрана, кои ги следи веќе некое време. Не консумира преработена храна, ниту храна богата со јаглехидрати, а како што тврди не отстапува од строгите правила. На нејзиното дневно мени се е органско.
Нејзиното мени го копираат многу припаднички на понежниот пол, а Меган целосно го исфрлила и алкохолот. Причината за оваа радикална одлука датира од пред 13 години, кога на црвениот тепих на доделувањето на Златните глобуси во 2009 година кажа многу работи што не требала.
Таа откри дека не знае колку алкохол испила во тој момент и дека не се ни сеќава за што зборувала, но и дека таквото однесување било едноставно недозволиво и непримерно во тоа време и место. Многумина мислеа дека тоа е само моментална одлука, но актерката остана доследна на одлуката.
“Секогаш сум потполно трезна. Не пијам ни чаша вино. Никогаш не пушам ниту пијам кафе. Супер строга сум во исхраната и никогаш не отстапувам!” – рекла Меган и додала дека не испила ни чашка алкохол повеќе од една деценија, пренесува „Мондо“.
Таа сфатила што ни прави алкохолот.
„Кога бев во Костарика, слушнав како некој ја опишува целта на алкохолот како: користете алкохол за да ја извлечете суштината на растението. Помислив: „Токму така се чувствувам поради алкохолот. Тој ја извлекува мојата суштина. Затоа повеќе не го конзумирам“, објасни Меган.