ДОДЕКА ХАРИ И МЕГАН НЕ СМЕАТ НИ НА БАЛКОНОТ: Кралицата Елизабета на Вилијам и Кејт им довери важна задача на нејзината прослава

popara10 мај, 20221min00
Kraljica-Elizabeta-Kate-Middleton-princ-William

Подготовките за прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, односно нејзините 70 години на британскиот трон се во полн ек. Прославите на јубилејот ќе се одржат во мај низ Велика Британија, а кралицата им подели задачи на членовите на нејзиното семејство.

Иако кралицата за својот златен и дијамантски јубилеј отпатувала низ сите делови на Велика Британија, поради доцната возраст и кревкото здравје, сега нема да може да го стори тоа, туку на церемониите протоколарните должности ќе ги преземат членовите на нејзиното семејство. Портпаролот на Бакингемската палата во официјалното соопштение изјави дека во пресрет на големата централна прослава во Лондон, членовите на кралското семејство ќе ги посетат сите земји во Обединетото Кралство.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе ги водат прославите во Велс каде што престојуваа во првите години од бракот, Шкотска ќе ја преземе принцезата Ана, а принцот Едвард и неговата сопруга Софи, војвотката од Весекс, ќе заминат во Северна Ирска.

 Zadatak za princa Williama i Kate Middleton na kraljičinom jubileju

Централната прослава ќе започне во четврток, 2 јуни, со традиционалната воена парада Trooping the Color на која ќе присуствуваат и Хари и Меган, но двајцата нема да имаат протоколарни должности и нема да се појават со остатокот од семејството на балконот на палатата по традиционалната јавна церемонија на пречек. Истото не е дозволено за обесчестениот принц Ендрју, кому кралицата му ги одзеде воените чинови и кралските титули откако беше обвинет за сексуална злоупотреба.

„По внимателно разгледување, кралицата одлучи дека овогодинешното традиционално појавување на балконот на 2 јуни ќе биде ограничено на нејзиното височество и оние членови на кралското семејство кои моментално имаат јавна функција во име на кралицата“, соопшти Бакингемската палата.

 Meghan Markle i princ Harry neće se pojaviti na balkonu palače

Освен кралицата Елизабета, на балконот ќе се појават и принцот Чарлс и Камила, принцот Вилијам и Кејт со нивните деца, принцезата Ана, принцот Едвард со сопругата и децата, војводата од Кент, војводата и војвотката од Глостер и принцезата Александра.

Меган и Хари очигледно не се навредиле на одлуката на кралицата, а од нив стигнала изјава во која се вели дека се „возбудени и почестени“ што присуствуваат на прославата со нивните деца, Арчи и Лилибет.

Патем, ова ќе биде првпат Хари и Меган да го донесат своето семејство во Обединетото Кралство откако се преселиле во САД.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma