Почина синот на Ник Кејв: Пред само два дена излегол од затвор

popara10 мај, 20221min00
627928681e0000f2b91b441c

Денеска почина синот на Ник Кејв, Џетро Лесенби (30). Џетро живеел во Мелбурн, а бил ослободен со кауција два дена пред смртта поради нападот врз неговата мајка, пишува Дејли мејл.

Да потсетиме, пред седум години синот на пејачот, Артур, кој тогаш имал 15 години, паднал од карпа во Брајтон и починал. Обдукцијата утврдила дека момчето имало ЛСД во крвта.

– Со голема тага можам да потврдам дека мојот син Џетро почина. Во овој момент семејството би ја ценела приватноста – изјави Ник Кејв.

Џетро пред два дена е пуштен на слобода со обврска да оди на лекување од зависност од наркотици, а морал и две години да се држи подалеку од мајка си. Ја нападнал мајка си бидејќи барал од неа да му купи цигари. Тој, наводно, клекнал на нејзиното лице, предизвикувајќи и крварење и модринки. На судењето се слушнаа сведоци кои сведочеа дека Џетро Лезенби извикувал „Ќе те убијам!“ три пати додека ја држел закована на земја.

Џетро се обидувал да успее во светот на манекенството, како што се наведува, а за да успее го искористил презимето на татко му. Во едно интервју изјавил дека не знаел кој му е татко до својата седма година. Се бореше со психички проблеми. Според неговиот адвокат, тој боледувал од шизофренија. Според судот, тој имал „обемно криминално досие“, кое вклучува серија насилни напади врз девојката со која бил во врска во 2018 година.

Кејв има уште два сина, Лук (30) и Ерл (21).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag