Веројатно сте слушнале за додавање шеќер во водата, но некои методи за издржливост на букетот би можеле да бидат вистинско откритие
Сезона е на многу видови цветови и сечените букети зрачат со боја и бујност, но чест проблем со букетите е тоа што тие многу брзо венеат. Ако сакате вашите цвеќиња да траат подолго, посегнете по некои од триковите кои докажано делуваат.
Сигурно сте слушнале за додавање шеќер во водата, но некои методи за издржливост на букетот би можеле да бидат вистинско откритие.
За да може цвеќето да остане свежо во вазната што е можно подолго, испробајте го трикот што го користат многу цвеќари, но само неколку го откриваат.
Растенијата од дрвенести стебла, како што се розите, ставете ги во топла вода неколку минути.
За понежни цветови, како што се герберите, користете трик со дупки. Со игла избоцкајте ја дршката по стеблото, така ќе добие повеќе вода и ќе трае подолго.
Еден трик кој ќе ве воодушеви и кој ќе го продолжи животот на растенијата бара да користите еден необичен предмет – кибрит.
Вметнете кибрит во вазна со главата свртена нагоре. Цветовите веднаш ќе закрепнат и ќе оживеат од сулфурот.
И секако, помалку вода, која редовно ќе ја менувате, како и косо сечење на цветното стебленце, ќе ви овозможи со денови да уживате во цветниот букет.