За најубава фризура
Иако многу фризери ќе препорачаат дека е најдобро вашата коса да се исуши природно, во зима тоа никогаш не може да биде избор.
Вистинско време за сушење
По миењето најдобро е прво да ја завиткате косата во крпа за добро да се исцеди. Ако веднаш почнете да ја сушите, процесот ќе потрае и ќе ја горите косата со фен многу подолго.
Од каде да започнете со сушење?
Најдобро е да ја ушите косата од напред кон назад, а доколку сакате дополнителен волумен, најдобро е да ја зафрлите косата надолу и така да ја исушите.
Ако ја исушите од патецот, ќе ви биде залепена до скалпот. Обликувајте ја косата и разделете ја само кога целосно ќе ја исушите.
Избор на фен за коса
Квалитетниот фен за коса со добра моќност ќе ја заврши работата побрзо и помалку ќе ја оштети косата.
Избор на вистинската четка
Доколку сакате вашата коса да биде бујна, важно е да знаете дека таков ефект ќе добиете со фенирање со тесна четка, а пошироката ќе биде идеална за исправување на косата.