Почина глумецот Робин Паркинсон, легендарниот Леклер од серијата „Alo, Alo“

popara11 мај, 20221min00
robin-parkinson-lekler-alo-alo-830x0

Актерот Робин Паркинсон, познат по улогата на Ернест Леклер во серијата „Alo, Alo“, почина на 92-годишна возраст, пишува Дејли мејл.

Во соопштението објавено во име на семејството се вели: „Робин Паркинсон, актер познат по серијата „Alo, Alo“ (каде го глумеше Ернест Леклер) и како глас на Батон Мун, почина мирно на 92-годишна возраст, опкружен со неговaта сопруга и ќерки покрај него“.

Неговата кариера траеше повеќе од четири децении во филмот, театарот и телевизијата, вклучително и бројни ТВ серии како што се „Girls About Town“, „The Many Wives Of Patrick“, „The Young Ones“ и „Rising Damp“.

На овие простори тој е најпознат по улогата на Ернест Леклер во серијата „Alo, Alo“, а сите го паметиме по познатата реплика – „It is I, Leclerc“.

Настапуваше и во театарски продукции, а првото професионално појавување му беше во репертоарската театарска продукција на бирмингемскиот репертоар „Империјал славеј“.

Потоа следеа настапите во „Белградскиот театар“ во Ковентри и неколку продукции на Вест Енд. Г-дин Паркинсон, кој е роден во Ковентри, беше познат и како гласот на детската ТВ серија „Button Moon“ и за ТВ рекламите од осумдесеттите за „Tunes “ и „Babycham“.

Неговата ќерка Сара тргна по неговите стапки и работеше како продуцент и писател на радио и телевизиски програми. За жал, таа почина во 2003 година.

Втората ќерка на Паркинсон, Ребека, исто така работи во телевизиска продукција.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma