Трендот од 90-тите се враќа на ГОЛЕМА ВРАТА! Познатите дами полудеа по ШТИПКИТЕ ЗА КОСА – дали би ги носеле? (ФОТО/ВИДЕО)

popara11 мај, 20221min00
564126_stipaljka-za-kosu_f

Порано беа многу популарни, а изгледа ќе ја одбележат и оваа сезона.

Кога станува збор за фризурите, трендовите, како и во модата, се менуваат од година во година. Некогаш кратката коса е хит, некогаш екстремно долгата, некогаш правите шишки, сега се т.н. “завеса” шишки и така натаму.

Сепак, очигледно и трендовите се враќаат со оглед на тоа што сега е популарно нешто што често го гледавме во 90-тите, а се работи за шнолите.

Штипките за коса полека, но сигурно се вовлекоа во овогодинешните фризури, па дури и популарните дами почнаа да ги користат.

Хејли Бибер и Кендал Џенер се само дел од јавните личности кои „потклекнаа“, па дури и на своите друштвени мрежи покажаа како го носат овој додаток за коса.

Screenshot 2022-05-11 165736
Screenshot 2022-05-11 165756

Сега можете да најдете штипки во различни дизајни и големини, а на вас е да ги изберете оние кои најмногу одговараат на вашата должина и густина на косата.

Девојките почнаа да објавуваат и бројни туторијали, со предлози за носење, а еден од нив можете да погледнете ОВДЕ.

Како ви се допаѓа овој ново/стар тренд?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma