БРЕДЛИ НЕ ЈА ОСТАВИЛ ПОРАДИ МАЈКА Ѝ: Позната манекенка по 10 години ја откри причината за раскинувањето?

popara12 мај, 20221min00
Screenshot_7

Актерката Суки Вотерхаус неодамна заплови во музичките води, а една од нејзините песни е особено интересна за јавноста.

 

 

Актерката Суки Вотерхаус (30), која веќе неколку години е во врска со актерот Роберт Патинсон (35), се впушти во пејачките води во кои одлично се снајде.

 

Но, една од нејзините песни е особено интересна за јавноста. Имено, се шпекулира дека хитот „Melrose Meltdown“ е посветен на нејзиното поранешно момче, холивудскиот заводник Бредли Купер (47).

 

„Те гледам како работиш во собата. Ќе плачам на твоите млечно бели чаршафи, надевајќи се дека еден ден ќе се венчаме во куќата што ќе ја изградиш околу мене“, се стиховите што ги тераат фановите да се сомневаат дека Суки конечно решила да проговори за раскинувањето со познатиот актер.

 

А таа дополнително го запали огнот со изјава за Daily Star во која иако не го спомна актерот, навести дека фановите се во право.

 

„Бев среде раскинување, среде доделуање на Оскарите, бегав од осигурување покриено со дијаманти. Колку забавно! Но, јас се навраќам на себе на 22-годишна возраст и си мислам: „Што правеше“, рече таа во едно интервју, и така ги увери обожавателите дека пее за раскинувањето.

 

Суки и Бредли беа во врска од 2013 до 2015 година, кога таа имаше 23, а тој 40. Тогаш се шпекулираше дека за нив одлучувала разликата во години, односно желбата на Бредли да основа семејство, што Суки сѐ уште не била подготвена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma