
Оваа намирница дава толку многу придобивки што дури и старите Египќани ја користеле како лек. Тоа е целер и со добра причина го има епитетот на супер храна
Научните истражувања докажаа дека целерот е богат со натриум и витамин А, но и со други витамини, како што се витамините К, Е, витаминот Ц или витамините Б.
Богат е со калиум, фолна киселина и растителни влакна. Целерот се смета и за чистач на организмот и има силно диуретично дејство.
Го намалува крвниот притисок бидејќи содржи 3-n-бутилфталид, за кој е докажано дека го намалува лачењето на хормоните на стрес. Ги опушта мускулите, се грижи за подобра циркулација на крвта и затоа е добар за луѓето кои патат од висок крвен притисок.

Свежиот сок од целер е многу здрав, а помага и при слабеење. Имено, на организмот му обезбедува важни хранливи материи и има многу малку калории. Освен тоа, сокот од целер го намалува апетитот, односно подолго ве држи сити и ги намалува нападите на глад.
Целерот е богат со растителни влакна. Тие им помагаат на цревата во варењето и спречуваат запек и надуеност. Секој ден пијте по еден сок од свежо цеден целер.
Целерот содржи апигенин, растителна супстанца која го зајакнува имунитетот. Ако пиете чаша сок од целер секој ден – сепак ќе ви се исплати.
Целерот содржи витамини А, Ц и Е и цинк – ова се важни помагачи кога станува збор за здравјето на очите.