Повеќето мажи, самосвесни и зрели, сакаат самоуверени и задоволни жени. Таквите мажи не сакаат жените да се преправаат дека се нешто што не се и најчесто се заљубуваат во нивната суштина.
Од друга страна, има и такви кои секој обид за конструктивна дискусија ќе го слушаат како жалење, викање и „попување“.
Сепак, постојат некои однесувања кои со право ниту на жените ниту на мажите не им се допаѓаат и поради кои без разлика ќе бегаат од вас. Ви претставуваме дел од нив.
1. Се преправате дека сте несмасни
Ако верувате дека преправањето дека ништо не разбирате може да ве зближи со маж и да направи да изгледате слатко и наивно во неговите очи, се лажете.
Повеќето зрели мажи не сакаат жени кои се преправаат дека се несмасни и глупави. Сакаат духовити, паметни и забавни жени со кои ќе можат да разговараат на сите теми.
Покрај тоа, самоуверениот маж ќе биде фасциниран од самоуверена, задоволна и паметна жена.
2. Лажете
Во врските, никогаш не лажете или преправајте се дека сте некој што не сте. Ако лажете како се чувствувате, што ви одговара, а што не, тоа многу брзо ќе го одбие вашиот партнер, бидејќи со тек на време ќе сфати дека се преправате или едноставно ќе ви здодее со таквото однесување.
Ова може да доведе до брзо раскинување. Зрелиот маж секогаш ќе разбере дека не можете да се договорите за се.
3. Обожавате да бидете драматични
Ако на секоја ситница реагирате бурно и од мала ситуација правите голема кавга, секој маж би сакал да остави таква жена. Никој не сака драма, бидејќи секој сака да има емотивно зрел партнер покрај себе.
Едноставно, никој не го привлекува личност која не знае да ги контролира сопствените емоции или што игра драматични игри.