Овен
Вие сте премногу сериозни. Денот е совршен за да си дадете малку здив, да побегнете од работа и да поминете часови во друштво на пријатели кои не ве оптоваруваат со ништо. Работата нема да побегне, никој нема да забележи дека ве нема, а ќе се вратите освежени.
Бик
Прекумерната фантазија може да ве искушува да верувате во брзи пари. На ова може да ве турне разговор со личност која е во странство, а по темперамент многу личи на вас. Не се занесувајте со илузии, држете се до реалноста.
Близнаци
Се обидувате да се претставите посериозно и зрело отколку што навистина сте. Не ги нагласувајте туѓите ставови затоа што тие не потекнуваат од вас, па нема да можете да ги докажете. Држете се до вашето мислење бидејќи секогаш можете да го браните, дури и кога грешите.
Рак
Атмосферата во вашето поле на работа станува неподносливо напната. Ова е предизвикано од непријатни вести. Совет би бил да не се придава големо значење на сето ова, бидејќи тоа е привремен проблем. Нека ситуацијата се смири, вашата позиција засега е стабилна.
Лав
Денот не е поволен за започнување на нови бизниси бидејќи следат неочекувани пресврти и изненадувања. Не влегувајте ниту во дискусии и дебати, бидејќи тие се закануваат да прераснат во жестока кавга од која можете да го добиете дебелиот крај. Побарајте мир со добар филм или книга.
Девица
Што и да започнете ќе заврши со хаос. Најдобро е да ги избегнувате сите ситуации во кои вие би го имале главниот збор. Ако користите автомобил за да ја завршите вашата работа, не одете никаде пред да го проверите.
Вага
Проблемот за кој научивте денес многу ќе промени. Решението е во ваши раце доколку преземете иницијатива, надминете ја вашата суета и конечно ставете ги работите на свое место. Сè додека не средите се, ќе уживате во рекреацијата.
Шкорпија
Загрижени сте за неповолните вести од странство. Не скокајте на првата топка, туку прифатете го компромисот бидејќи ќе ви се исплати. Бидете трпеливи со вашата сакана и не инсистирајте на вашите ставови, особено ако таа води сериозен разговор.
Стрелец
Можеби не сте најдобро расположени за дружење и гужви, но мора да се подготвите за непоканети гости, а некои од нив доаѓаат од далеку. Вашата летаргија може брзо да исчезне кога ќе бидете окупирани од добрата енергија на вашите пријатели кои не ве заборавиле.
Јарец
Доаѓаат долгови кои сте ги направиле во далечното минато. Дознавањето доаѓа преку писмено предупредување што ќе ве вознемири. Пред да ве фати паника, направете нов буџет а со тоа и план за излез од новонастанатата ситуација.
Водолија
Не сте сигурни во која насока да продолжите, па оваа дилема може да ви предизвика големи главоболки. Немате многу време за двоумење, мора брзо да дејствувате. Не паничете, туку размислувајте креативно и слушајте ја својата интуиција.
Риба
Мислите дека само вие се трудите. Иако повеќе би сакале да најдете заобиколен пат за да заработите, подобро е да се потпрете исклучиво на своите способности, бидејќи успехот ве очекува само на овој начин. Внимавајте, ќе имате потешкотии со властите.