Психотерапевтката Ксенија Мијатовиќ понуди четири совети кои ќе ви помогнат да го оставите минатото зад себе и полесно да го преболите раскинувањето.
Никогаш не е лесно кога врската е прекината, дури и ако вие сте тој што решил да „пресече“.
Сепак, постојат неколку работи што можете да ги направите за да го олесните процесот на преболување, а психотерапевтот Ксенија Мијатовиќ нуди четири совети:
- Во ред е сè уште да ги сакате, иако е готово. Љубовта понекогаш не е доволна
– Не секогаш е крај кога во срцето е крај, туку кога во реалниот живот вие или другата личност ќе одлучите дека вашата врска повеќе не функционира. И тогаш е тешко и збунувачки – на кого да му верувате? На своите емоции или на она што се случува во реалниот живот? Здравиот разум е нешто што е достапно за секого и затоа – во ред е сè уште да ги сакате, но тоа не значи дека треба да се вратите на таа врска или да им дозволите да се вратат.
- Сакајте се себе повеќе. Не можете да очекувате некој друг да се однесува подобро со вас и да ве сака повеќе отколку вие самите себе
– Тоа е важно затоа што тоа се границите. Како можат другите да се однесуваат кон вас правилно ако вие не се однесувате кон себе со љубов и почит.
- Ослободете се од фантазијата. Најчесто се каеме за она што сме мислеле дека може да биде таа врска или личност
-Па, едноставно е, можете да зажалите за некоја фантазија што сте ја имале во главата, каква можела да биде таа врска, но не била, затоа и завршила.
- Прекинете контакт. Не, не мора да бидете пријатели
– Расчистете со минатото простувајќи си себеси и на другите што не сте знаеле подобро. Се уште никој не ја исправил „кривата Дрина“, одете понатаму! Простувањето ќе ве ослободи од емоционалниот товар што го носите.