Премиерно во 1987 година, „Dirty Dancing“ стана многу повеќе од филм – достигна култен статус, речениците како „Nobody puts Baby in the corner“ сè уште се цитирани, а песните од филмот станаа евергрини. Со текот на времето, филмот го сакаа генерации, па многумина сигурно ќе бидат воодушевени од веста дека се подготвува продолжение на филмот.
Ќе го режира Џонатан Левин, познат по серијата „9 Perfect Strangers“, кој го напиша и сценариото со Елизабет Чомко. Она што е најинтересно е дека Џенифер Греј, која ја играше Френсис „Бејби“ Хаусмен во оригиналниот филм, ќе се приклучи на продукцијата и ќе биде и извршен продуцент на филмот. Главната ѕвезда на оригиналниот филм, Патрик Свејзи, почина прерано во 2009 година, но ликот на Џони ќе биде дел од приказната на Бејби.
Како и оригиналот, продолжението ќе биде романса за полнолетство фокусирана на искуствата на една млада жена во летен камп, чиј пат ќе се вкрсти со оној на Бејби, формирајќи повеќеслоен наратив, пренесува Deadline. „Овој филм создава дијалог со оригиналот. Сакаме да ја претставиме оваа приказна на една сосема нова генерација. Но, отсуството на Џони е очигледно, па тоа ќе биде приказна за растењето, но и за растењето на ликот на Бејби на некој начин“, објасни режисерот Левин.
Важна ставка во филмот ќе биде музиката и најавено е дека ќе вклучува хитови од оригиналниот филм како ‘Hungry Eyes’, но и хип-хопот од деведесеттите, а можеби и музиката на Аланис Морисет.
А кога можеме да очекуваме ново продолжение на незаборавниот филм? Кастингот е во тек, а почетокот на снимањето е планиран за крајот на оваа година, така што премиерата е најавена за 2024 година, па ќе треба да бидеме уште малку трпеливи! Дотогаш, секогаш можеме да го слушаме саундтракот на оригиналниот …