Познатата холивудска актерка Меган Фокс со својот вереник раперот Машин Ган Кели прошета на црвениот тепих на премиерата на филмот Good Morning.
Како и секогаш, таа изгледаше толку добро што сите погледи беа вперени во неа. Оваа прекрасна актерка отсекогаш негувала женствен и префинет стил, а нејзиниот изглед ги плени погледите и на мажите и на жените. Долги години важи за една од најубавите жени во Холивуд.
Атрактивната бринета уште еднаш ги засени сите останати со тоа што облече долг светкав фустан со големо деколте од едната страна. Овој пат таа избра фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и ги натера сите нејзини облини да дојдат до израз.
Природниот изглед без премногу шминка и брановидна коса направија да изгледа едноставно, а сепак толку совршено.
Со неа одлично се вклопи нејзиниот придружник, раперот Машин Ган Кели, облечен во комплет со цветен дезен, кој во последните неколку месеци беше главен моден хит меѓу мажите во Америка.
Овој пар последните неколку месеци ужива во хармонична врска, а судејќи по нивните лица би се рекло дека се среќни и исполнети. Не ја симнуваат насмевката од нивните лица.