Маската со црн јаглен е најефикасна кога зборуваме за мозолчиња и митесери
Маската со активен јаглен длабински ги чисти порите, ги отстранува митесерите, како и вишокот на себум и што е најважно, ги ублажува воспалителните процеси на кожата.
Направете ја маската дома:
Сѐ што ви треба е глина и активен јаглен во прав. Лажичка јаглен и лажичка глина измешајте со две лажички вода, измешајте, а потоа додадете специјални состојки во маската, кои ќе влијаат на проблемот што го имате на лицето.
Можете да оставите да делува десет до петнаесет минути, но ефективно е и кога ќе остане само неколку минути