Многу парови наидуваат на проблеми во креветот со текот на годините на врска.
Тие можат да се појават поради многу причини, но малкумина знаат дека некои навики можат драстично да влијаат на тоа дека партнерите ја губат волјата за секс.
Ако правите некоја од овие работи, голема е веројатноста тоа да влијае на вашето либидо!
Конзумирате сирење во големи количини
Сирењето може да го намали нивото на тестостерон, кој е клучен фактор, со тоа што содржи ензим кој го претвора тестостеронот во естроген. Обидете се да ја намалите потрошувачката на оваа храна доколку не сакате да имате проблем со либидото.
Стрес
Стресот влијае на сите и е главниот виновник и предизвикувач на многу болести и состојби. Работите премногу, трпите притисок и не знаете како да се справите со сите обврски. Сето ова влијае на вашето ментално здравје, па дури и на вашето либидо.
Дехидрација
Недостатокот на вода во организмот доведува до главоболки, нервоза и иритација, но и до сувост на вагината. Ако не пиете доволно вода, тоа сигурно ќе влијае на вашето тело.
Немате доволно сон
Се чувствувате премногу уморни за секс? Недостатокот на сон е голем виновник за тоа, доколку сте премногу уморни во текот на денот, тоа дефинитивно влијае на вашето либидо.
?Конзумирање на одредени лекови
Ако земате антидепресиви, тие можат да влијаат на вашата смиреност, но и ќе ви ја намалат желбата за секс. Некои студии покажуваат дека антихистаминиците не делуваат ништо подобро.
Пушењето
Цигарите лошо делуваат на крвните садови, предизвикуваат атеросклероза, а со тоа влијае и на снабдувањето со крв во вагината.